Четириесет години е назад светот, твитна вечерва Ацо Саатчијата и објаснува:

– Новите коли сега сами се гаснат штом застануваш на семафор. Југото тоа го прави веќе 20 години, твитна Саатчијата.

Гаснење е гаснење на семафор. Моторот не работи. Сеедно дали поради нова и висока или од стара ниска технологија. Важно е да запали пак без туркање.

Инаку, познато е дека, во предизборната кампања актуелниот претседател Стево Пендаровски, тогаш како кандидат, пријави дека вози Југо. Додуша подоцна беше сликан и во друга кола, ама како Југо нема друго!