Животов во Македонија е добар како англискиот на Зоки, твитна денеска рано попладне Тетка Ики.
Корисничката на овој псевдоним на Твитер доволно јасно споредува и непотребно е да се дообјаснува кој е Зоки, како говори англиски, каде говори и дали поради полиглотство се „чука у грудима нашима“ итн.
Но, не на сите животот им е како англискиот на Зоки, на некои им е како српскиот на Зоки. И тие се чукаат најсилно „у грудина нашима“.