Хрватскиот пејач Свен Поцрниќ,  учесник во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа со својата изведба на песната „Игри без граници“ (Igrа bez granica) да ги разнежни сите присутни. Со секој тон, тој ја пренесе емоцијата и чувството карактеристично за Тоше Проески, што беше веднаш забележано од страна на жирито, пишува сараевскиот портал Кликс.

Жирито оваа година е составено од Енис Бешлагиќ, Горан Навојец, Мартина Стјепановиќ Метер и Марио Рот.  -Навистина имав чувство дека вечерва го слушав Тоше – истакна Рот.

Додека пак, Метер го нагласи достоинствениот и почитувачки начин на кој пејачот ја долови изведбата на покојниот пејач.

-Свен, ти на свој начин навистина се обиде да го доловиш тоа, што според мене е една од најтешките задачи што можеше да ја добиеш. Ти благодарам, додаде Бешлагиќ.

Навојец, пак, нагласи дека на моменти Свен навистина наликувал на Тоше, со што ја засили емоцијата на целиот настап.

Свен Поцрниќ е школуван музичар, пејач, како и вокален ментор и педагог со богато искуство во театарот, студиската работа и работата со изведувачи од различни генерации. Како вокален ментор и педагог работи во школата за пеење „Хусар и Томчиќ“. Покрај тоа, публиката имала можност да го гледа во театарски претстави во театар Комедија и др.

Неговата изведба на „Игри без граници“ покажа не само техничка виртуозност, туку и длабока емоционална посветеност, што го направи еден од највпечатливите моменти во новата сезона на шоуто, наведува Кликс.

Фото: Инстаграм