Украинските безбедносни сили го уапсија човекот кој се закануваше дека ќе го разнесе мостот „Метро“ во Киев, објавија украински медиуми.
„Полицијата го уапси напаѓачот“, се вели написот на Украинска правда на Твитер.
Таа информација ја потврди министерот за внатрешни работи на Украина Арсен Аваков.
Весникот наведува дека уапсениот бил учесник во воена операција во Донбас, постар наредник кој се презива Бељко.
Уапсениот се закануваше дека ќе разнесе и државни институции.
– Непознат маж пука и се заканува со експлозија. Водиме специјална полициска акција. Сега таму се наоѓаат претставници на сите служби. Стопирано е движењето на автомобили и возови на мостот, изјави претходно началникот на киевската полиција, Андреј Кришченко.