Полицијата во Грција го уапсила шефот на железничката станица во Лариса, откако товарен воз се судри со патнички воз на пристаништето Темпија, при што загинаа најмалку 38 лица. Според првичните извештаи еден од двата воза бил на погрешната пруга, а за сето тоа да се случи имало човечка грешка.
Судирот на двата воза се случил вчера пред полноќ кога било откриено дека двата воза – патничкиот за Солун и товарниот кон Атина, се движат во спротивни насоки по исти шини. Судирот бил жесток и директен, со брзина од над 100 километри на час.
Осомничниот на наведената функција стапил на должност пред само 40 дена, по едногодишна обука., пишува „iefimerida.gr“. Во моментот тој дава изјава пред обвинителите и според првичните информациии на истражителите им рекол дека дал наредба да се премести прекинувачот, но дека системот не го сторил тоа. Покрај него уапсен е уште еден вработен кој бил на смена во тоа време. Побаран е и транскипт од можниот разговор меѓу шефот на смената и машиновозачите.
Анастасиос Дедес, експерт за железнички несреќи, во изјава за ЕРТ, рече дека од непознати причини во тоа време не функционирала и светлосната сигнализација, семафорите што можеле да ги предупредат машиновозачите дека постои опасност на оваа пруга.