Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана „Топлик“ Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.А.(44) од Гевгелија.
При преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.А. биле пронајдени марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




