Британската полиција уапси 19-годишен маж поради загрозување на безбедноста на замокот Виндзор, каде кралицата Елизабета го прославува Божик.

– Мажот е уапсен под сомнение дека провалил во заштитена локација и поради поседување на офанзивно оружје. Тој во моментот е во притвор, соопшти началничката на полицијата Ребека Мирс.

Таа додаде дека покренати се безбедносните процедури во моментот кога мажот влегол на имотот и оти не успеал да влезе во ниту еден објект, а за инцидентот биле информирани членвите на кралското семејство.

Кралицата Елизабета го прославува Божик во Виндзор, додека минатите години го прославуваше во Сандрингем, кралски имот во источна Англија.