Попладнево бил уапсен новинарот Фуркан Салиу, објави 4NEWS.mk.
IN7.tv објави видео снимка од апсењето.
Според првичните информации приведен е поради наводен напад врз службено лице.
Салиу бил уапсен на фудбалски натпревар, велат полициски извори за НетПрес.
-Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец, пишува порталот.
По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.
Читај повеќе