Поранешниот државен правобранител на Република Македонија, Фехми Стафа е уапсен вечерва.

Како што дознаваме, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра.

Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а разрешен во август 2022 година од Владата. Од Државното правобранителство тогаш соопштија дека тој си поднел оставка од лични причини.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.