Познатиот спортски коментатор Милојко Пантиќ (72) е уапсен синоќа, откако со својот автомобил Форд Фокус удри во возило на специјалните полициски единици во Нов Белград.
Како што пишува српски „Блиц“, по судирот, Пантиќ побегнал од местото, па е забележан и како вози во спротивна насока, пред да биде уапсен.
Во потерата нема повредени.
Пантиќ, инаку, на македонските спортски обожаватели, им е познат по култниот коментар од еден натпревар на Југословенската фудбалска репрезентција: „Милко Ѓуровски! Милко Ѓуровски, еве го во 16-те метри! Дрибла еден. Дрибла друг. Дрибла трет! Шутира и – гооол! Леле, не е гол… А, не е ни Милко Ѓуровски!”