Сопственикот на Renaissance Residence, станбен комплекс уништен од земјотресот во провинцијата Хатај во југоисточна Турција, бил приведен на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да ја напушти земјата.
Мехмет Јасар Чошкун бил запрен на аеродромот Сабиха Ѓокчен во обид да отпатува за Црна Гора, јави турската агенција Анадолија.
Неговиот станбен комплекс во провинцијата Хатај беше уништен од земјотресите од минатиот понеделник. Според турските медиуми, Мехмет Јасар Чошкун сакал да побегне во Црна Гора. Тој беше уапсен на аеродромот во Истанбул, со себе носеле кеш.
Во станбениот комплекс што неговата компанија го изгради во 2012 година, беа сместени 250 домови, во згради од 12 ката. Во земјотресот во понеделникот, комплексот се урна како хартиена кула, додека потрагата во областа за пронаоѓање на преживеани продолжуваат, но надежите постепено исчезнуваат.
Секој стан чинел помеѓу 1,5 и 3 милиони турски лири (75.000 до 150.000 евра). Штом се дознало за уништувањето на зградите, Чошкун и неговиот брат Хусеин Јалчин пробале да избегаат.
Видеото може да го отворите ТУКА.