Косовскиот заменик министерот за регионален развој Муса Цена е уапсен поради примање мито и злоупотреби, потврди косовската полиција.
Цена бил кусо време задржан во полициска станица воПриштина. Тој е член на Алијансата заиднина на Косово на Рамуш Харадинај и е осомничен за кривично дело подмитување.
На чело на Министерството за регионален развој се наоѓа Расим Демири.