Четири момчиња од Скопје биле уапсени откако агресивно се однесувале кон полициски службеници, информира МВР.
-Вчера во 13:30 часот на ул.„Лука Геров“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Р.(19), А.Р(44)., С.Р.(65) и Е.Р.(21), сите од Скопје, бидејќи се однесувале агресивно и ги спречувале полициските службеници при извршување на работи од безбедноста, по претходно случена сообраќајна незгода на истата улица. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопшти полицијата.