На 17.01.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.А. (27) и Е.А. (37) од село Марена, кавадаречко.
При извршување службени задачи во село Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал А.А., а сопатник бил Е.А., при што биле пронајдени и одземени огревни дрва без соодветна документација и без жиг.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Како што известува МВР, на 17.01.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.01.2026 во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




