Две лица од Скопје се приведени поради тешки дела против општата сигурност, соопшти МВР.
Единица за насилен криминал при СВР Скопје со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје ги предаде лицата П.П.(21) и С.М.(19), двајцата од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сториле две кривични дела.
Првопријавениот сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а второпријавениот сторил кривично дело „помагање“.
П.П. на 26 ноември околу 2:50 часот во угостителски објект лоциран на улица „Дане Крапчев“ во Скопје сопственост на С.Б. го отстранил прозорското стакло од влезната врата на ресторанот и со запалива течност го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата по што предизвикал пожар во објектот.
По пријавување на настанот, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. На 11 декември по добиена усна наредба за вршење претрес во дом и други простории издадена од судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите на пријавените лица.
Двете пријавени лица се лишени од слобода, извршен е разговор со нив, при што второпријавениот во целост го појаснил текот и извршувањето на кривичното дело