Уапсени синовите на Дилавер Бојку, потврди МВР.
И Ербан Бојку и Бесник Бојку имале пиштоли со себе. Возеле кон родното село Велешта, а полициските тигри им го порпечиле патот и ги уапсиле. Ербан Бојку заради потерница за убиство и одлежување казна затвор од 21 година, а неговиот брат заработи кривична пријава за нелегално поседување оружје.
Двајцата браќа се синови на Дилавер Бојку, кој беше ликвидиран во 2017-та во Струга со куршум во челото ,за неговото убиство никој не заврши во затвор, а истрагата застана на сомнежите дека е извршено од платен професионалец по нарачка, заради крвна освета.
(фото: Дилавер Бојку)