Уапсено младо момче од струшко, откако полиција вчера ги сопрела, а во неговиот ранец пронашла дрога.
Според пријавеното, вчера во 21.20 часот на регионалниот пат Струга-село Радожда, полициски службеници запреле патничк возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од село Велешта, струшко, во кое како сопатник бил А.О.(19) од село Биџево, струшко.
При преглед на А.О, во неговиот ранец, биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја.
А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.