УБАВА И ЗБУНУВАЧКА ВЕСТ: Сите фудбалери од У-21 селекцијата што вчера беа позитивни, денеска се негативни на тестот за Ковид-19

/ 15.11.2020

Убава вест за селекторот на нашата млада репрезентација – денеска се негативни на тестот за Ковид-19 сите млади фудбалери од македонската репрезентација кои вчера на тестирањето беа позитивни, објави порталот Спорт медиа.

Затоа, додава порталот, Чурлинов, Зајков и Тодороски останаа со младите, иако требаше да се префрлат во А селекцијата.

Но, денеска на повторените тестови на Ковид-19, тие се негативни. Тоа значи дека Милевски на мечот со Црна Гора на 17 ноември (вторник) во Скопје ќе може да смета на сиот свој играчки потенцијал кој го има во моментов.

Тоа е убавиот дел од веста, а збунувачкиот е како е можно во рок од 24 часа еден тест да покажува позитивен на коронавирус, а другиот ден негативен. Во што е проблемот, во тестовите или оздравеле тестираните!?


Од истата категорија