Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете, особено ако станува збор за една Ана, која како од шега „отепа“ една Корона и една досадна малигна болест.
Ова стои во описот на видеото од Ана, оздравената принцеза која заѕвони на ѕвончето на Клиниката за детски болести во Скопје, во знак на победа, а од Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа „Браво Ана – браво Ана“!
Малата Ана вчера со ѕвоното означи оздравување. Среќно Ана.