По комичните фотки на Викторија Бекам со Шекил О’Нил, сега на ред дојде Џенифер Лопез. Таа се фотографирала со кошаркарот на Далас Маверикс, Боби Марјановиќ кој е висок два метри и 21 сантиметар.
За кошаркарот одморот почнал порано, па со сопругата Милица бил на концертот на Џенифер Лопез во Лос Анџелес.
Оваа фотографија осамна низ светските медиуми. Ги нарекуваат убавицата и ѕверот, а Џеј Ло е точно 55. сантиметри пониска од Марјановиќ.