Софија Вергара на својот Инстаграм објави видео во траење од неколку секунди на кое наводно е снимена како се вакцинира против коронавирус.
“Го направив тоа за моето семејство, го сторив тоа за моите пријатели кои не можат да го сторат тоа заради медицинските третмани што ги добиваат, го сторив тоа за да можеме сите да си го вратиме животот. Го сторив тоа затоа што ми е исправно! За кого ти го правиш ова? ” напиша актерката под објавата.
Некои ја пофалија актерката за промовирање на вакцинацијата.
„Честитки“, „Прекрасна порака, Софија“, „Ви благодарам што го споделивте ова“, напишаа во коментарите.
Сепак, огромното мнозинство верува дека видеото е лажно и дека актерката всушност не се вакцинирала.
„Зошто не носи маска или ракавици?“, „Зошто ја држи иглата така? Зар не треба палецот да биде одозгора за да ја истисне течноста во нејзината рака? Не верувам во ова“, видеото е лажно “,„ Лош фотошоп “, се само дел од коментарите.
Софија не реагирала на овие обвинувања.