Репрезентациите на Италија и Франција остварија победи на синоќешните дуели од квалификациите за Светското првенство. Италија во Бергамо постигна убедлива победа од 5:0 против Естонија во дебитантскиот настап на новиот селектор на „азурите“ Џенаро Гатузо.

Франција на неутрален терен во Вроцлав ја совлада Украина со 2:0. Четири репрезентации постигнаа високи победи: Грција против Белорусија со 5:1, како и Исланд над Азербејџан со 5:0, а Израел на гости ја совлада Молдавија со 4:0, додека Швајцарија го совлада Косово со 4:0.

Најинтересен натпревар одиграа Словенија и Шведска 2:2, а нерешено 0:0 заврши и дуелот Данска – Шкотска.

Минимална победа од 1:0 славеше Хрватска на гостувањето на Фарски острови, а во истата група Чешка во Подгорица ја совлада Црна Гора со 2:0.

Денеска на програмата се шест натпревари.