Неколку часа пред почетокот на масовните протести на границата со Израел, израелските безбедносни сили од огнено оружје убија Палестинец, соопшти палестинското Министерство за здравство во Газа.

Во соопштението се вели дека 21-годишниот Мухамед Сад бил убиен во камп во близина на граничната ограда. Израелската армија засега не издаде соопштение.

Убиството се случи неколку часа пред почетокот на палестинските протести на границата со Израел, што се одржуваат поради блокадата на Појасот Газа.

Египет се обидува да издејствува мировен договор меѓу Израел и екстремистичката група Хамас.
Извори велат дека на Палестинците им било кажано да не се приближуваат до оградата и дека на израелските снајперисти им било наредено да не пукаат.