Поранешниот индиски пратеник осуден за киднапирање и неговиот брат се убиени во градот Прајаграџ во индиската држава Утар Прадеш. Нападот врз нив беше емитуван на телевизија во живо.
Атик Ахмад и неговиот брат Ашраф Ахмад синоќа под полициска придружба се упатиле лекарски преглед, а пред болницата додека Атик давал изјава, биле застрелани од тројца мажи кои стоеле до новинарските екипи.
По убиството напаѓачите се предадоа на полицијата, а еден од нив извикуваше „Џаи Шри Рам“ слоган на хинду националистите во нивната кампања против муслиманите.
Со индиската држава Утар Прадеш управува владејачката индиска хинду националистичка партија Бартија Џаната.
На 13 април во престрелка беше убиен синот на Атик Ахмад и уште еден човек.
Атик Ахмад (60) е во затвор од 2019 година, откако беше осуден за киднапирање. Тој четирипати беше пратеник во Утар Прадеш, а во 2004 година беше избран во индискиот Парламент.