На почетокот на февруари, дел од учениците се уште се без учебници. Наместо во септември., министерот Шакири, на половина од година уверува дела дека 90 отсто од книгите се доставени за прво втор четврто о и петто оддленние и дека деновиве се доставуваат и последните учебници, објавува Сител.
Од МОН објаснуваат дека за второ одделение се дистрибуирани сите учебници. Недостигаат предметите Математика и Општество, кои во училиштата би требало да пристигнат наредниве денови во училиштата. Шаќири вели дека се доставени учебниците за четврто одделение, како и за петто освен учебникот за Македонски јазик кој не е ни подготвен бидејќи не се пријавил ниту еден автор. Трето и шесто одделение ке почекаат до следната учебна година.
– За трето одделение повикот за автори е објавен во ноември. Се уште не е пуштен повикот за шесто одделение затоа што ги очекуваме наставните програми. Кога ќе ги достави Бирото за развој на образованието, веднаш ќе биде објавен и повикот за автори за учебници. Со завршување на трето и шесто по новата Концепција, мислам дека ќе ги имаме сите учебници во септември зашто немаме оправдување за временските рокови кои се законски, додаде Шаќири.
За разлика од министерот, засегнатите се жалат дека сите рокови се пробиени, а учениците и наставниците се оставени сами да се борат со материјалот, така што се фаќаат прибелешки на часови. На постарите генерации чии внуци сега се четврто и петто одделение не им е јасно како функционира образованието кое во постојани промени, нови наставни програми, неадекватни учебнци, работно тетратки кои не смеат да се пополнуваат за да останат за следните генерации.
МОН денеска одговори и за корекциите за учебникот по предметот Историја и Општество за петто одделение во кој имаше неточни податоци. Министерот Шаќири појасни дека забелешките кои стигнале до МОН се доставени до авторите, објавен е повик за рецензенти, но ни таму не се пријавил никој. Ке се објави и втор оглас и доколку пак нема пријавени, учебникот би може да се повлече доколку така одлучи нациналаната комисија.