Европската фудбалска асоцијација бара од главниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да помине задолжителен тренерски курс. На 31 декември 2021 година му истече тренерската лиценца на Италијанецот.
УЕФА го известила 62-годишниот тренер дека треба да положи испит за да продолжи да води екипи, пишува „Goal.com“.
Шпанската фудбалска федерација му порача на Анчелоти дека ќе стапи во контакт со УЕФА за да влијае на ситуацијата.
Анчелоти во текот на својата тренерска кариера освои 21 трофеј, три пати стана победник на Лигата на шампионите.