УЕФА објави четири номинации за Играч на годината во Лигата на Европа.
Тоа се Никола Пепе (Арсенал), Франко Васкез (Севиља), Осама Идриси (АЗ Алкмар) и Рајан Кристи (Селтик).
Победникот ќе биде одреден по гласањето од корисниците на веб-страницата на УЕФА.
Головите на Пепе ја донесоа победата на „топџиите“ против Виторија Гимараес. Идриси постигна гол и асистираше вопобедата од 6-0 над Астана.
Кристи го направи истото за успехот над Лацио со 2-1, а Васкез постигна два гола во мрежата на Дуделанж.