УЕФА им изрече парични казни на осум клубови поради кршење на финансискиот „ферплеј“, а најголема казна ќе мора да плати ПСЖ.
Меѓу санкционираните се и италијанските гиганти Јувентус, Интер, Милан и Рома, француските клубови Монако и Олимпик Марсеј, како и турски Бешикташ.
ПСЖ е казнет со 65 милиони евра од кои 10 милиони ќе мора да плати во цел износ, додека преостанатиот износ е подложен на балансирање на трошоците во следните три години.
Втор најголем должник е Рома со 35 милиони евра, од кои ќе мода да плати пет милиони евра.
Преостанатите шест клубови се казнети со вкупно 72 милиони евра од кои Интер ќе мора веднаш да плати четири, Јувентус 3.5, а Милан два милиони евра.
Преостанатите клубови се казнети со износи помали од еден милион евра.