Европската фудбалска федерација (УЕФА) започна дисциплинска постапка против италијанскиот прволигаш Лацио по натпреварот во Лигата на Европа против Рен (2:1).

Римскиот клуб е обвинет за расистичко однесување на навивачите. Случајот ќе биде разгледан на 17 октомври.

Исто така, отворени се постапки за натпреварите на Лига Европа Виторија Гимараеш – Ајнтрахт (0:1) и Малме – Копенхаген (1:1). Сите овие клубови можат да бидат казнети за недолично однесување на навивачите на трибините.