УЕФА официјално подигна обвиненија против Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен по вчерашните инциденти, предизвикани од навивачите на двата тима за време на судирот во „Олд Трафорд“.
Обвинувањата против домаќините се поради фрлени предмети, вклучувајќи ги и шишињата пиво кон Анхел ди Марија, и затоа што ги блокираа скалите до излезот.
Гостите ќе мора да одговорат по четири точки – поради факели, фрлање предмети, вандализам и немири поттикнати од фановите на Парижаните.
Случајот ќе се разгледува од страна на дисциплинската комисија на УЕФА на 28-ми февруари.