Европската фудбалска федерација на 7 април ќе одлучи за форматот на прием на гледачите на натпреварите од Европското првенство. Ова го објави членот на Извршниот комитет на УЕФА, Алексеј Сорокин.
– Јасноста со конфигурацијата на турнирот ќе се знае на 7 април“, изјави Сорокин за „ТАСС“.
Во јануари, УЕФА објави дека на почетокот на април ќе биде донесена одлука за можност домаќините на ЕП да дозволат присуство на гледачи. Тогаш организацијата не го именуваше точниот датум. Првично беше планирано конечната одлука за форматот на прием на гледачите на трибините за време на турнирот да се донесе во март.
За време на Евро 2020, што беше одложено за оваа година поради коронавирусот, организаторите ќе разгледаат четири сценарија – целосно зафаќање на трибините, стапка на зафатеност од 50 проценти до 100 или од 20 до 30 на максималниот капацитет, како и опцијата за натпревари без гледачи.