Европската фудбалска централа даде официјално соопштение со кое ја поддржи одлуката на Дамир Скомина да досуди пенал во корист на Манчестер Јунајтед во дополнителното време на дуелот со ПСЖ (1:3) пред неколку дена.
Словенецот досуди удар од 11-метри по користење на ВАР технологијата.
Според многумина одлуката беше спорна, но од УЕФА го тврдат спротивното, бидејќи раката на Преснел Кимпембе не била „во близина на неговото тело“, а и растојанието не било толку блиско.
Еве го мислењето на УЕФА:
„Бидејќи судијата не ја виде добро ситуацијата во реално време, беше погледнато видео-повторување. Откако ја прегледа повторно ситуацијата, судијата потврди дека растојанието, кое го измина топката, не било кратко, па контактот не можел да остане неочекуван. Раката на дефанзивецот не беше блиску до неговото тело, што го зголеми обемот на неговото тело и како резултат на тоа, патот на топката кон голот беше запрен. Следствено на тоа, судијата досуди пенал. Сите горенаведени одлуки беа земени во целосна согласност со прописите за користење на ВАР технологијата“.
Другите решенија кои беа земени по употребата на ВАР во дуелите од Лигата на шампионите во текот неделата – пенал на Порто во продолженијата на дуелот со Рома, како и претензиите на „волците“ за удар од 11-метри во последните секунди, исто така беа објаснети.