УЕФА забрани навивачите на Шкупи да присуствуваат на реваншот со Левски

/ 28.07.2023

Топ тема во Македонија, Бугарија, но и на Балканот и фудбалска Европа е ситуацијата од синоќа во Скопје, каде со нож беше прободен навивач на бугарскиот тим Левски.

По тој повод, се огласија и од УЕФА, кои открија дали Шкупи ќе може да има поддршка од навивачите на реванш средбата во Бугарија.

Бугарски навивачи најпрво беа нападнати во Чаир, каде еден нивни член е избоден со нож. Нешто подоцна се случи и нов конфликт меѓу навивачите од Бугарија и македонската полиција на Арената „Тодор Проески“.

Епилог на целата ситуација беше 19 приведени бугарски државјани и еден хоспитализиран.

За да се избегнат ваквите ситуација на Шверцерите ќе им биде забранет влезот на ревнаш натпреварот во Софија.


Од истата категорија