Европската фудбалска асоцијација сака да ја продолжи Лигата на шампионите на 7 и 8 август со неодиграните натпревари од осминафиналната рунда.

Според „Скај Спортс Италија“ веќе се водат преговори за одржување на завршен „Фајнал фор“ во Истанбул. Сепак, постои опција турнирот да се игра во Германија, каде веќе започнаа натпреварите во Бундеслигата.

Во осминафиналето се најдоа четири парови кои сè уште немаат одиграно реванш натпревар: Реал Мадрид – Манчестер сити, Челзи – Баерн, Лион – Јувентус и Наполи – Барселона.

Четвртфинале веќе обезбедија ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид и Лајпциг.