До крајот на денот и во текот на ноќта ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопската Котлина исто така до крајот на денот и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.
Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Локален развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има претежно во планинските подрачја. Од среда следува стабилизирање на времето.
Најмногу дожд во изминатите девет часа до 17 часот попладне имало во Пожаране, каде наврнале 25 литри на метар квадратен, по што следи Охрид со 10, Скопје-Петровец и Претор по осум, Тетово шест…