До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи, најавува УХМР.
Дневните температури ќе се покачат, но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. В понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи“, велат од УМХР.
За денеска, известуваат дека ќе биде сончево, со повремена облачност.
Претпладне во западните делови со променлива облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен по должината на Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен ветер од северозападен правец“, посочуваат од УХМР.