До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од
северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб
локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена . За наредните три дена прогнозира максимална температура од 20 односно 21 степен, а во четврток и во петок се очекува да достигне до 24, односно 23 степени.