За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера, со што го достигна просечното ниво за мај, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Водостоите на останатите две природни езера се исти како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 97 сантиметри пониско од просечното, додека на Дојранското е за 2,94 метри повисоко од повеќегодишниот просек за мај.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава и најчесто бележат благо намалување во однос на вчера.