Снег на повисоките населени места во западните и северните делови, се очекува за време на викендот.
Од УХМР информираат дека до петок ќе биде стабилно времето, а од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри па особено во западните и северните делови од земјата ќе има снег на повисоките населени места и понекаде ќе провејува и на пониските места.
Утринските од петок до недела ќе се движат од минус еден до пет степени, а дневните ќе бидат во опаѓање и во петок ќе се движат од 9 до 14, во сабота од 6 до 13 и во недела од три до 10 степени. Следната работна недела ќе почне со пониски утрински темпратури кои на одделни места ќе се спуштат до минус пет, дневните ќе бидат од четири до 13 степени.