Топлото време со натпросечни температури за овој период од годинава ќе се задржи до недела кога повторно се очекува позначителен пад на температурата, особено на дневната.
Максималните дневни температури во сабота ќе достигнат до 23 степени, а веќе во недела ќе се спуштат за седум степени пониско, односно до 16-тиот степен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во сабота попладне ќе почне да дува умерен долж Повардарието засилен ветер од северен правец, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.
Во понеделник и вторник дневните температури ќе бидат максимум до 13 -14 степен.