Нестабилност проследена со грмежи, а потоа нестабилно со пороен дожд беше попладнево во делови од скопскиот регион и во Кривопаланечко. Нестабилна облачност има на повеќе места во западните делови и во делови и од скопскиот регион каде што има грмежи и умерен до засилен ветер. Од УХМР најавуваат дека нестабилноста ќе продолжи и во вечерните часови особено во западните делови и на северот. Ќе има и умерен до краткотрајно засилен променлив ветер.
Најмногу дожд до 17 часот наврна во Маврово пет лм2, потоа во Скопје – Зајчев Рид – четири и во Тетово еден.
Најтопло денеска беше во Гевгелија 38 степени, во Струмица, Штип, Демир Капија, каде се измерени 36 степени, во Виница 35, во Скопје – Петровец 33, во Берово, Крива Паланка и во Битола 32, Скопје-Зајчев Рид 31, во Охрид и Претор 30, во Тетово 28, во Крушево 25, во Лазарополе 23 и на Попова Шапка 18 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно од пладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70км/ч.) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната од 29 до 36 степени. УВ=8
Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.