УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од петок, пак, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.
Според УХМР, денеска во вечерните и ноќните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со ветер и град. Максималната температура ќе биде од 25 до 31 степен.