УЈП ГИ СОВЕТУВА ТИЕ ШТО СЕ „БОГАТАТ“ СО СКЕНИРАЊЕ: Фискалните сметки може да ги скенирате на киосците и баркод читачите во УЈП

/ 22.07.2022

Од УЈП, на чие чело е директорката Сања Лукаревска, советуваат за фискалните сметки кои не може да се скенираат преку опцијата која сега е понудена, може да се скенираат на киосците и баркод читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи информира (УЈП) дека апликацијата „Мој ДДВ“ се ажурира, но тоа не значи дека не може да се скенираат сметките. Треба да се не направат некои измени во мобилната апликација и скенирањето може да се заврши.

– Во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ каде што сега стои „напреден“ да се избере опцијата „основен“.


Од истата категорија