Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје” во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз” и да му врачат налог за тоа.
Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие Јовановски кој е овластено лице на невладината организација, а претходно за да влезат во затворот од УЈП побарале и добиле доазвола од Кривичниот суд Скопје. Инспекторите го известиле Јовановски дека од понеделник ќе ја преземат документацијата од Меѓународниот сојуз за да започне контролата.
Контролата на сите физички и правни лица поврзани со „Рекет” во средата на прес-конференција ја најави директорката на УЈП Сања Лукаревска. Сите фирми веќе добиле исти налози и од понеделник ќе почне преземањето на документите.