Непознати и маскирани лица влетале во гласачко место во атинската населба Ексархија што важи за населба- собиралиште на анархистите и украле гласачка кутија, кусо по завршувањето на гласањето.
Откако ја украле гласачката кутија, фрлиле пиротехнички материјали и побегнале.
Неофицијално, според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле гласачката кутија и гласачките ливчиња.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, 40ина минути по затворањето на гласачките места, во Ексархија се забележува големо полициско присуство.
За сега, нема информации за приведени или уапсени лица.