Украина ќе испрати воени бродови назад во пристаништа во Азовското Море и покрај тоа што Русија заплени три бродови и нивни екипажи во минатиот месец, изјави безбедносен претставник.
-Агресијата на Русија нема да не спречи во планот да создадеме морнарица во Азовското Море, изјави Александар Турчинов, секретар во Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана.
–Ако се повлечеме, Русија ќе ги исполни својата цел за заземање на Азовското Море, ќе претстави нови самоволни морски граници во Црното Море и практично ќе ја легализира окупацијата на Крим, додаде тој.
Турчинов рече дека Киев повикал претставници на ОБСЕ и на НАТО на брод следниот пат за да докажат дека Украина не прекршува никакви прописи. Тој не кажа кога бродовите би можеле следен пат да се обидат да поминат, но додаде дека тоа би било многу скоро.