Украина сега извезува речиси исто толку жито како и пред руската инвазија, изјави висок претставник на американскиот Стејт департмент, цитиран од Франс прес.

„Благодарение на интензивната меѓународна соработка, Украина е на пат да извезе речиси 4 милиони тони земјоделски производи во август“, изјави изворот за Франс прес.

Пред руската инвазија на 24 февруари, Украина извезуваше околу 5 милиони тони месечно. Избувнувањето на војната доведе до прекин на извозот на земјоделски производи од источноевропската земја и ги зголеми стравувањата од глобална прехранбена криза, пренесува БТА.

Но, по потпишувањето на договорот меѓу Киев и Москва на 22 јули под покровителство на Обединетите нации и Турција, околу 33 бродови натоварени со жито ги напуштија украинските пристаништа на Црното Море со вкупно околу 720.000 тони на бродот. Друга иницијатива, под покровителство на ЕУ, овозможи превоз со товарни возови на околу 2,5-3 милиони тони жито, додаде истиот извор.