Една жена загина, а три лица се повредени во напад на беспилотни летала на украинската армија врз Москва во текот на ноќта, соопшти гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.
Претходно беше објавено дека жртва на нападот со дрон е деветгодишно момче, што Воробјов негираше, пренесува РИА.
Почина 46-годишна жена (претходно имаше информации за смрт на деветгодишно момче, што не беше потврдено)“, напиша Воробјов на платформата Телеграм.
Тој додаде дека две лица се хоспитализирани во болница во областа Рамен.
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 14 украински беспилотни летала над московските населби Подолск, Раменскоје, Либерци, Думдедово и Коломна.
Во Раменско од нападот оштетени се две станбени згради.
Московските аеродроми Домодедово и Внуково привремено ги прекинаа летовите.