Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, соопшти дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претедател Владимир Путин во Новгородската област со 91 беспилотно летало.
По повод ваквата акција на Украинците, Лавров порача дека преговарачката позиција на Русија „ќе биде ревидирана земајќи го предвид конечниот премин на режимот во Киев кон политика на државен тероризам“.
Воопшто не можете да преговарате со терористи, тие треба да бидат уништени“, истакна Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека ќе има адекватен одговор на украинскиот напад.
Целите и времето на одмаздничкиот удар на Русија по нападот врз државната резиденција на Путин се утврдени“, велат од руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се додава дека руската воздушна одбрана уништила 91 дрон и дека немало жртви или материјална штета.
Речиси веднаш по изјавата на Лавров, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се подготвува да почне одмазднички напад врз владините згради во Киев.




