Репрезентацијата на Украина ќе игра во финалето од баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Катар.

Украинците на гостински терен триумфираа над Шкотска со резултат 1:3 на стадионот „Хемпден Парк“ во Глазгов. Предност за Украина донесе Андриј Јармоленко во 33 минута, а во 49 предноста ја зголеми Роман Јаремчук.

Надежта за Шкотите ја врати Калум Мекгрегор во 79 минута. Украина успешно се бранеше во понатамошниот период од средбата, а потоа во петтата минута од судиското надополнување гостите го постави конечниот епилог преку Артем Довбик.

Украинците на 5 јуни во Кардиф ќе му гостуваат на Велс во финалето. Потсетување дека Велшаните на 24 март дома со 2:1 ја елиминираа Австрија.